Јапонец на 83 години со едрилица го преплови Пацификот

Јапонскиот авантурист Кеничи Хори (83), денес се врати дома откако сам го премина Пацификот, во непрекинато патување, со што стана најстариот човек што го направил тоа.

„ Само што ја поминав целта. Уморен сум“, напиша тој на својот блог по пристигнувањето во Јапонија во раните утрински часови, пренесува „Ројтерс“.

Хори вплови во морето Ки во близина на западниот брег на Јапонија, завршувајќи го своето патување преку Пацификот за 69 дена, пренесува „Ројтерс“.

На патувањето тргна во март годинава кога го напушти пристаништето за јахти во Сан Франциско.

Во 1962 година, овој осумдесет и тригодишен авантурист стана првиот човек во светот кој успешно го завршил независното непречено патување низ Пацификот, од Јапонија до Сан Франциско.

Шеесет години подоцна, со својата едрилица Suntory Mermaid III, тој ја помина истата рута во спротивна насока.

Хори направи и голем број други независни патувања на долги растојанија, вклучително и пловење низ светот во 1974 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e