Истражувачите тврдат: Речиси сите ја правиме истата работа кога лажеме

Експериментот кој неодамна го спровеле холандски истражувачи на Универзитетот во Ротердам покажал дека најголемиот дел на луѓето ја прават истата работа кога лажат. Освен што имаат слични изрази на лицата, се служат и со исти гестикулации и конструкции на реченици, пишува Мирор.
Поголем когнитивен напор

Како што тврдат истражувачите, често несвесно го копираме говорот на тело на личноста која ја лажеме, особено ако таа личност е некој наш близок и ако добро ја познавамр. Поради таа причина луѓето кои но се блиски можат лесно да не препознаат кога лажеме, бидејќи и тие се однесуваат исто, односно лажат на идентичен начин.

„Кога се трудиме некого да увериме во нашата приказна, мозокот потполно ни се фокусира на она што го изговараме и ‘заборава’ да го контролира говорот на тело, па прибегнува кон однесување кое бара помал когнитивен напор од размислување“, нагласиле истражувачите.

„Овие се нашите откритија во согласност со сознанијата дека луѓето под поголемо когнитивно отеретување се потпираат на автоматизирани процеси на телото како мимици“, додале и објасниле дека лажењето бара поголем интелектуален напор од зборувањето на вистината.

Во истражувањето испитаниците добиле упатства да намерно ги лажат своите партнери и со тоа што лагата била поголема, имитрањето на говорот на телото станувало поочигледно.
„Имитирањето на говорот на тело на партнерот може да биде очигледен знак за лажење бидејќи се потпира на автоматски процеси кои е тешко свесно да се контролираат, а што повеќе во главата ја ‘разработуваме’ лагата, повеќе телото го имитира оној кој сакаме да го излажеме“, заклучиле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e