Инстаграм воведува новини

Откако неодамна Инстаграм, Фејсбук и WhatsАpp паднаа на неколку часа и корисноцоте не беа во можност да ги користат, сега за сите свои корисници воведува новина да им го олеснат користењето на апликацијата.

Социјалната мрежа почнаа да испробуваат една новина која би можела наскоро да биде воведена. Испраќање на известувања доколку падне апликацијата, и исто така, кога повторно ќе проработи. Најпрво тестирањето ќе почне во САД, а потоа веројатно ќе биде достапно и во останатите држави.

Нема константно да испраќаат известувања, туку само во оние ситуации кога ќе видат дека луѓето се збунети и дека не им е јасно што се случува. Сè уште не се сигурни дали ова е нешто што ќе стане постојан дел од Инстаграм или не, сè зависи од фазата на тестирање, која само што не започнала. Доколку се покаже дека ова е успешно и дека е добра идеја, најави дека нешто слично би можело да се направи и за Фејсбук и за WhatsApp.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e