Индиец со срп и го исекол стомакот на бремената сопруга, за да го види полот на бебето

Индиец кој сакал предвреме да го открие полот на нероденото бебе, со срп и го исекол стомакот на својата бремена сопруга и им нанел повреди од што починал неродениот син, соопшти полицијата.

Жената е на интензивна нега во болница во Њу Делхи, а мажот е уапсен, соопшти полицијата во Будан, државата Утар Прадеш.

Голу Синг, брат на несреќната жена, изјавил дека нејзиниот сопруг сакал да го открие полот на детето бидејќи двојката веќе имала пет ќерки и ја нападнал со срп и и го распорил стомакот.

Немилиот настан се случил во саботата, а жената родила мртвородено бебе во неделата, објасни полицијата.

Во Индија, ќерките честопати се сметаат за товар затоа што семејствата мораат да плаќаат мираз, додека момчињата се слават како оние кои обезбедуваат постоење на семејството и го наследуваат имотот и ја продолжуваат семејната линија.

Абортусите на женски фетуси се забранети во Индија, но поради предноста што им се дава на момчињата, бројот на новородени девојчиња сè уште се намалува.

Според официјалните податоци, бројот на девојчиња на 1.000 момчиња помеѓу 2015 и 2017 година бил 896. Помеѓу 2014 и 2016 година имало 898 девојчиња на 1.000 момчиња, а помеѓу 2013 и 2015 година имало 900.

Законите во Индија исто така им забрануваат на лекарите и здравствените работници да им го откриваат полот на нероденото дете на родителите, а само лиценцирани лекари имаат право да вршат абортуси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e