Хороскопски знаци кои најдобро лажат

На некои хороскопски знаци не треба да им се верува на секој збор бидејќи можат за миг да измислат целосно лажно сценарио. Иако некогаш тоа не го прават со лоша намера, ова се четирите хороскопски знаци кои најдобро лажат.

Близнаци

Нивната неискреност честопати не е намерна, но сепак се случува затоа што Близнаците доста често се предомислуваат. Некако им е тешко да се држат до она што ќе го кажат, па честопати излегува дека се лажговци, дури и кога тоа воопшто не им било намера.

Рак

Припадниците на овој знак се многу креативни, што им овозможува брзо да смислуваат лаги. Раковите лажат кога се обидуваат да се извлечат од неволја, па на првиот знак дека се приближува неволја, лесно ќе смислат цело сценарио што ќе ги ослободи од обвиненијата.

Вага

Кога лажат, лажат за да ја зачуваат хармонијата за која толку многу се стремат. Се разбира, понекогаш зад нивните лаги се кријат злобни намери, но тие најчесто се обидуваат да бидат добри со секого, дури и по цена на вистината.

Јарец

Јарците се практични суштества и нивните лаги им помагаат лесно да се извлечат од ситуација во која не сакаат да бидат. Јарецот попрво би рекол дека не пие кафе, отколку искрено да ѝ признае на личноста која го вика дека едноставно не му се допаѓа. Тие сметаат дека тоа е грижа за другите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e