Хирурзи тврдат дека лицето на Путин е полно со ботокс

Владимир Путин е секако еден од најомразените политичари во поголемиот дел од светот од почетокот на руската инвазија на Украина, но овој ексцентричен политичар во текот на целата негова долга кариера го привлекува вниманието на јавноста.

Освен за политичкиот живот и активности, луѓето отсекогаш ги интересирал и неговиот приватен живот, а особено се интересни теориите дека рускиот претседател е голем љубител на козметичките зафати и дека лицето му е преполно со ботокс и филери.

Познатиот британски естетски хирург Џерард Ламби пред три години тврдеше дека на лицето на рускиот лидер се гледаат знаци на козметичка работа што му помогнала да го отфрли својот невин изглед и да се трансформира во вистински и цврст тип.

Кремљ постојано тврдеше дека Путин никогаш не бил подложен на козметички зафати, но промената на неговото лице низ годините е повеќе од очигледна.

На многу фотографии лицето на Путин изгледа отечено, а некои медиуми тврдат и дека тој ја променил формата на главата и лицето со ботокс и филери за да му даде помажествен изглед. На 69 години, рускиот претседател има многу малку брчки на челото, додека остатокот од лицето е прилично затегнат.

Ботоксот на Путин дури беше и тема на протестите против војната во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e