Градоначалник глумел дека е мртов пред полицијата, претходно прекрушувајќи ги сите мерки

Градоначалникот на еден мал град во Перу бил фатен како го прекршува карантинот опивајќи се заедно со пријателите, потоа се обидел да се извлече легнвајќи во мртовечки ковчег и глумел дека е мртов.

Полицијата го фотографирала Џејми Роланд Урбин Торес како лежи во отворен ковчег со маска на лицето кога дошла да го уапси.

Тие добиле пријава дека градоначалникот на градот Тантар, на југот на Пери, го прекршил полицискиот час, како и законот за социјална дистанца, опивајќи се со пријателите, а потоа го пронашле пијан. Не откриле каде била журката бидеќи кога дошле во неговиот дом, тој бил „мртов“.

Граѓаните и претходно тврделе дека Торес не ја сфатил сериозно опасноста од коронавирусот, особено затоа што не ги преземал потребните мерки на претпазливост за да го заштити градот. Овој град, како и остатокот од Перу, е ставен во карантин 66 дена, но граѓаните тврдат дека градоначалникот поминал само осум дена во карантин, пишува Дејли Меил.

Перу досега има регистрирано 104.020 случаи на заболени со коронавирус и 3.024 смртни случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e