Еве зошто никогаш не треба да го вклучите греењето во автомобилот пред да почнете да возите

За време на зимските месеци повеќето луѓе сакаат прво да го вклучат греењето во автомобилот, да почекаат некое време да се загрее и дури потоа да почнат да возат.

Професионалните возачи велат дека никогаш не треба да го правите ова, без разлика колку е ниска температурата надвор затоа што на тој начин го оштетувате возилото. Се разбира, на сите ни е поудобно да седнеме во загреан автомобил и да возиме без да се тресеме од студ, но тоа навистина носи повеќе штета отколку добро.

Експертот за возење Џејсон Фенске објасни дека вклучувањето на греењето без да се движи автомобилот всушност го продолжува времето на загревање.

Повеќето мотори денес имаат инјектирано гориво во нив, така што нема потреба моторот да работи во мирување. Возилото ќе се загрее при бавно возење и ќе достигне пријатна температура.

Покрај тоа, претходното загревање може да предизвика разредување на моторното масло, каде што сировиот бензин продира во маслото кршејќи ги неговите својства и со тоа го зголемува абењето.

Исчистете го мразот и/или снегот од прозорците за да можете безбедно да возите и веднаш да почнете да возите – за само неколку минути внатрешноста на автомобилот ќе се загрее.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e