Еве што треба да направите доколку орхидеите не ви цветаат

Орхидеите се сметаат за најубавата домашна билка. Нивните прекрасни цветови ги разубавуваат домовите и го подобруваат расположението. Но, орхидејата истовремено важи и за најкомплицираното растение за одгледување.

Кога ја купуваме, таа е во полн цвет, но при најмала грешка – сите цветови паѓаат. Просечната должина на цветањето трае околу 3 месеци. Обично цвета два или трипати годишно. Паузата меѓу цветањето може да биде и неколку месеци.

Доколку имате орхидеја без цветови, мора да го направите ова:

– создадете температурна разлика, преку ноќ оставете ја на постудено место, на околу 15 степени Целзиусови,

– додадете фосфор, стимулира цветање,

– влажнете го воздухот околу билката,

– преместете ја 5 дена на темно место. За три недели орхидејата треба да пушти нови пупки. Овој начин е погоден единствено за здрави билки,

– наместо залевање со вода се препорачува да ставите коцки лед, така побрзо ќе процвета.

– ако забележите дека кај нерасцветана орхидеја активно растат корења или листови, значи дека има добар начин на развој. Додека овој период не заврши, билката нема да процвета. Бидете трпеливи.

Најважно е да ја обезбедите соодветната нега. Орхидејата сака многу светлина, не сака претерана влага. За време на цветањето се залива по малку два пати неделно, а за време на мирување доволно е еднаш неделно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e