Еве со кои карактеристики се одликуваат луѓето со тетоважи

Луѓето чие тело го красат тетоважи, често реагираат импулсивно и брзо донесуваат одлуки – според најновите истражувања.

Економисти од универзитетот Мекмастер во Канада, спровеле анализа во соработка со повеќе од 1.000 испитаници. Било испитано 781 лице без тетоважи и 255 со тетоважи.

Претходни истражувања покажале дека 38 отсто од луѓето на возраст помеѓу 18 и 29 години имаат најмлаку една тетоважа.

За да откријат дали мисловните процеси на луѓето варираат во однос на тоа дали имаат тетоважи, истражувачите ги замолиле учесниците да играат една игра, која обично ја користат за да ја проценат способноста на долгорочното планирање.

Повеќето тетовирани испитаници веднаш ја избрале помалата сума за кратки стази, без можност за зголемување на приходот, додека оние без тетоважи воглавно планирале долгорочни решенија, со можност за пораст на приходот.

Психологот Нузел Над, од Јужноафрикански универзитет, исто така спровела посебно истражување за тоа зошто некои луѓе сакаат тетоважи.

Открила дека основната мотивација за тетовирање, кај 25 отсто од нив, била од лична природа и дека за нив тетоважата има одредена интимна порака.

12 отсто од тетовираните луѓе тоа го направиле од ‘уметнички причини’, а приближно исто толку проценти од културни и од верски причини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e