Елон Маск би можел да стане првиот трилионер во светот

Не се претвора во злато сè што допира Елон Маск. Неговиот неодамнешен обид да го купи „Твитер“ не оди според планот. Неговата компанија за електрични автомобили, „Тесла“, во повеќе наврати бележи пад на вредноста на акциите кога Маск твитнува непромислено.

Сепак, се чини дека огромното богатство на Илон Маск станува сè помасивно. Во една неодамнешна студија спроведена од Tipalti Approve, Маск се чини дека е на пат да стане првиот трилионер во светот до 2024 година.

Богатите продолжуваат да се збогатуваат.

Студијата, под наслов The Trillion Dollar Club („Клуб од трилион долари“), има за цел да проектира кои милијардери ќе станат трилионери и кога.

„Ја споредивме годишната нето вредност на првите 30 најбогати луѓе од 2017 година до денес, за да ја пресметаме годишната стапка на раст на секој од нашите милијардери и да процениме колку брзо секој од нив ќе достигне еден трилион долари“, се наведува во студијата.

Студијата ја зема предвид моменталната нето вредност на Маск, која изнесува 263 милијарди долари на почетокот на оваа година, и стапката со која расте секоја година. Тоа значи дека за само две години Маск би можел да постигне статус на трилионер.

Според прогнозите, неговата нето вредност ќе се искачи на 1,38 трилион долари до 2024 година, кога тој ќе го прослави својот 52. роденден.

Другите деловни потфати на Маск, особено „Спејс икс“, ќе го поттикнат неговото искачување до статус на трилионер.

„Спејс икс“ генерира огромни приходи со наплата на владини и комерцијални клиенти да испраќаат различни работи во вселената, вклучувајќи сателити, залихи за Меѓународната вселенска станица, и луѓе.

Се разбира, многу може да тргне наопаку за богатството на Маск. Неговиот обид за договор со „Твитер“ помина лошо, а тој дава параноични коментари за потенцијална смрт „под мистериозни околности“. „Тесла“ е во топла вода, исто така, под истрага откако многу автомобили се судрија во режим на автопилот. Имајќи ги на ум овие варијабили, прогнозите за претстојните трилион долари на Маск можеби нема да се остварат, коментираат американски медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e