Дневен хороскоп: Што ви носи овој понеделник?

ОВЕН
Им пристапувате на секојдневните ситуации со доста тензичност, напнати сте и реагирате премногу бурно. Не умеете да поднесете кога некој ќе искаже спротивно мислење на вашето и тоа ве иритира. Треба да поработите на вашата самодоверба. Некои нешта е најдобро да ги задржите за себе.

БИК
Сензитивни сте и секој збор кој другите го кажуваат сметате дека ви е упатен вам. Во последно време размислувате премногу за однесувањата на другите и ги анализирате нивните постапки. Не секој чекор кој другите го прават ве засега вам, треба да бидете по опуштени.

БЛИЗНАЦИ
Во последно време трошите премногу и никако не умеете да заштедите пари. Потребно е да направите ребаланс и да се обидете да располагате поразумно со вашите финансии. Одговорот на некои прашања ќе го пронајдете во вас а не во другите. Вашата љубопитна природа понекогаш во доведува до проблеми.

РАК
Нетрпеливи сте и тоа не ви донесува ништо добро. Треба да знаете дека некои нешта неможе да се случат тогаш кога сакате вие туку тогаш кога е виситнско време. Потребно е да направите некои жртви за да ја остварите посакуваната цел. Сега е вистинско време да превземете акција.

ЛАВ
Изморени сте и некои нешта ве иритираат а тоа го сфаќате како нешто нормално. Можно е да сте кажале некои остри зборови на некој близок и тоа да ги повредило а вие немате појма. Треба да ставите крај на таквото однесување и малку да помислите. Фрустрирани сте и одбегнувате да добивате совети од другите.

ДЕВИЦА
Сега е добар моемнт за да се огледате на другите и да научите од туѓите грешки. Исто така можете да побарате инспирација околу вас доколку се занимавате со уметност. Обидете се да се опуштите со нешто кое ви годи. Немојте да се колебате, донесувањето на некоја одлука ќе биде подобро за вас.

ВАГА
Сега е вистински момент да размислите за вашата љубовна врска и насоката во која се движи. Можеби треба да донесете некоја одлука која нема да ви се допадне. Подобро да ја прифатите реалноста и да продолжите понатаму отколку да останете заглавени во нешто кое не функционира. На крајот од денот, ќе направите исправен потег.

ШКОРПИЈА
Овие денови правите мал напредок иако тоа можеби не ви делува како така. Сметате дека тапкате во место но наскоро ќе ги видите резултатите од напорната работа. Се стремите да ги остварите вашите цели, немојте да се откажите сега. Најдобро е да ја преправите вашата стратегија.

СТРЕЛЕЦ
Љубовните одлуки ве прогонуваат, сте направиле некои грешки и сте постапиле некоректно спрема вашиот партнер, сега е вистинско време да се покаете и да ја признаете грешката. Вашето однесување нема да биде долго толерирано. Треба да ги земете и туѓите чувства во обзир наместо постојано да мислите само на вашите.

ЈАРЕЦ
Денес ќе сакате да побегнете од вашата секојдневна рутина. Ќе бидете жедни за нови откритија, нови лица и нови места. Но исто така треба да бидете свесни дека вашите желби понекогаш можат да ве одведат во погрешна насока. Добро размилсете пред да одлучите.

ВОДОЛИЈА
Нештата кои ве влечат надолу конечно ќе бидат надминати, пред вас е позитивен период. Вашата физичка енергија во изминатиот период беше ослабната, наскоро ќе имате подобрување. Можеби во последно време сте ги исполнувале сите сопствени каприци и тоа ве довело до некои непријатности.

РИБИ
Се чувствувате како времето да влијае врз вашето расположение. Емоционалните турбуленции во периодов се доста изразени. Потребно ви е време да закрепните од бурата. Започнете да работите на себе и ќе ги надминете сите препреки. Енергијата ви е исцрпена, потребен ви е одмор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e