Дневен хороскоп: Што ви носи овој ден?

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Во своето љубовно секојдневие ќе внесувате сосема оригинални идеи, а најверојатно со ручек или вечера за двајца.

Кариера

Оние кои работат креативна работа ќе бидат многу современи во својот израз и идеите. И натаму ве заморуваат шефовите.

Здравје и совет

Прифатете ги предизвиците.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашата чувствителност денеска ќе биде зголемена, а другата страна ќе биде расположена за експериментирање во љубовта.

Кариера

Малку ќе недостига за да добиете алергија на шефот. Обидете се барем во мислите да се оддалечите од него.

Здравје и совет

Нервоза и замор.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог, кој на вас ќе делува како мал шок.

Кариера

вашите надредени би можеле пред вас да претставатеден предлог што е малку чуден. Првин размислете, а потоа расправајте за него .

Здравје и совет

Победувате со издржливоста.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Може да очекувате исполнет љубовен ден. Дури и ако сте сами, би можеле одлично да се забавувате.

Кариера

Можни се мали недоразбирања во соработката и при вербалните договарања. Фантазијата ќе ви овозможи да допрете до суштината.

Здравје и совет

Не морате се да откриете.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Како што ќе минува денот, ќе забележувате дека вашиот личен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа.

Кариера

Можно е да заминете на службено патување што не сте го очекувале, а кое ќе ви донесе радост.

Здравје и совет

Не треба да жалите по она што поминало.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Нервозата и напнатоста поради недоразбирањата во личните односи може да ги елиминирате со чиста есенција на љубов без зборови- со нежност.

Кариера

Во главата малку ќе ги проанализирате сите теми поврзани со работата, но нема да носите заклучоци.

Здравје и совет

Бидете пример за помладите од вас.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Веројатно е се подобро поврзување со спротивниот пол, а особено со некој кој не е од вашата околина.

Кариера

Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност, па дури и редовните напори на кои сте навикнати , ќе ви предизвикаат тешкотии.

Здравје и совет

Потсетете се што е тоа што го сакате.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Не се знае кој денеска ќе биде потажен – вие или вашата најсакана личност. Не е ден за анализи, туку за утеха и толеранција.

Кариера

Ќе дојде до деловна кореспонденција, што ќе ве замори. Станува збор за многу напорен начин на изразување.

Здравје и совет

Потребна ви е релаксација.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Емотивност, нежност, чувство на препознавање на оние скриени суптилни нивоа во односите – Сето тоа ќе го доживеете денеска.

Кариера

Можни се проблеми во привршување на покуси фази при работењето. Ќе мора да бидете попрецизни.

Здравје и совет

Веќе ништо не може да ве изненади.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ги иамте сите адути во своите раце. Потребно е само да зборувате за она што ви лежи на срце.

Кариера

Некои ќе се затекнат на интересен состанок на кој ќе има сешто- од неморални понуди до морализирање и филозофирање.

Здравје и совет

И натаму чувствувате замор.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Барањата за внимание од еден член ан вашето семејство, накусо ќе ве оддалечи од саканата личност.

Кариера

Во работата денеска ќе внесете чувства. Некои ќе бидат наклонети и кон драматизирање.Направете исчекор и опуштете се.

Здравје и совет

Внимавајте на грлото.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Тоа што во моментов има празнина или дистанца во вашите лични односи, денеска ќе биде заборавено по разговор со ваш близок пријател.

Кариера

вашите колеги денеска ќе ве насмеат, зашто ќе ве натераат да решавате една загатка, а вие сакате да бидете детектив.

Здравје и совет

Тргнете се настрана и средете си ги мислите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e