Денеска се слави споменот на Света Марија Магдалена

Овој ден всушност е спомен на Марија Магдалена,но истиот не е со црвени букви во православниот календар. Таа во својата младост била грешница но Исус ја избавил од гревови. Подоцна станала негова ученичка, го следела и ги слушала неговите проповеди. После воскреснувањето на Христос, таа станала проповедничка. Народот ја слави како блажена а нејзиниот ден се нарекува „благ”. Како и во деновите на Огнена Марија и Трнова Петка, на празникот на Блажена Марија домаќинките треба да одмораат. Народот верува дека не е добро било што да се работи по дома и во поле, за светицата да не се навреди. Од друга страна, верува во добри и чесни жени, кои живеат чесно и честит живот, секогаш, особено на денешен ден, имаат заштита од оваа Блага Марија. Народот верува, ако на нејзиниот празник, жените одат во црква, да се помолат и запалат свеќа, можат да бараат исполнување на една желба и светителката секако нема да ги одбие. Блага Марија, по народно верување, е сестра на Св. Илија. Затое се можни временски неприлики, грмотевици и град бидејќи „братот и сестрата разговараат”. Родум од местото Магдала крај Генисаретското Езеро, од племето Исахарово. Претходно запоседната од седум зли дуохви, од кои ја ослободил Господ Исус и ја направил верничка. Како верна следбеничка и служителка на Господа за време на Неговиот земен живот, стоела под Крстот на Голгота заедно со Пресвета Богородица и тагувала горко. Кога Господ воскреснал, таа Го видела двапати: еднаш додека била сама, а вториот пат заедно со останатите жени Мироносици. Отпатувала во Рим, излегла пред кесарот Тибериј и предавајќи му црвено обоено јајце го поздравила со зборовите: „Христос воскресна!“ Тогаш пред кесарот го обвинила Пилат за неправедната осуда на Господа Исуса. Кесарот го примил нејзиното обвинение и го преместил Пилат од Палестина во Галија, каде овој неправеден судија и завршил, во царска немилост. Потоа од Рим се вратила во Ефес кај Св. Јован Богослов, на кого му помагала во делото на проповедањето на Евангелието. Со огромна љубов кон воскреснатиот Господ и со голема ревност му го јавуваше на светот Евангелието, како вистински Христов апостол. Се упокоила мирно во Ефес. Моштите на Света Марија Магдалина подоцна се пренесени во Цариград. Во близина на Гетсиманската градина се наоѓа прекрасен руски храм кој и е посветен на оваа светителка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e