Денеска е најдепресивниот ден во годината!

Овој понеделник, 17 јануари, е прогласен за најдепресивен ден во годината, а го нарекуваат и Син понеделник. Според експертите, на денешен ден почнуваат да се чувствуваат последиците од долгата зима, сметките се празни поради сите трошоци околу празниците, а исплатата на платите се уште не е на повидок.

Првиот „најдепресивен ден во годината“ бил прогласен на 24 јануари 2005 година, а иницијатор бил психологот Клиф Арнал од Универзитетот во Кардиф, кој математички пресметал зошто овој ден е најдепресивен. Многу колеги од оваа професија велат дека неговата теорија има смисла.

Декември е месец полн со дружење, прослави, семејства, подароци, храна, а многумина се одлучуваат и за разни патувања и одмори. Покрај тоа, следува и новогодишна ноќ за која многумина издвојуваат голема сума на пари. Иако сето ова радува во декември, еден месец подоцна не се чувствуваат последиците, сметките се празни, некои се задолжуваат, предавањата на факултетите повторно почнуваат и се ближат роковите за испити, а се трупаат работни задачи и деловни состаноци.

Друга работа што не прави многу повеќе депресивни во јануари, се новогодишните одлуки. Можеби сте ги донеле на 1 јануари и сте ги запишале на хартија, но до ден денес сè уште не сте ги започнале или ако сте ги почнале, веќе сте се откажале од нив.

Пред неколку години Арнал изјави за „Индипендент“ дека неговите намери никогаш не биле да го направи овој понеделник негативен, туку да ги инспирира луѓето да започнат и да донесат некои големи животни одлуки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e