Денес календарски започнува есента

Попладне пристигнува есента. Есента ќе трае 91 ден и ќе заврши на 21 декември кога ќе настапи зимата.

Следните шест месеци овој дел од Земјата ќе биде изложен на помалку директна светлина од Сонцето, а температурите ќе се намалуваат од недела на недела.

Рамноденица

Зборот рамноденица означува кога должината на денот и на ноќта е иста. Тоа се случува двапати годишно, на 22 септември и на 20 март. На есенската рамноденица, центарот на Сонцето е над хоризонтот точно 12 часа. Но се смета дека тоа изгрева дури и кога ќе се појави само неговиот горен дел, што се случува неколку минути порано. Истовремено, на зајдисонце, потребни се неколку дополнителни минути за тоа целосно да исчезне.

Сепак, во моментите на почетокот од изгрејсонцето и крајот на зајдисонцето она што го гледаме е всушност одраз од атмосферата.

Рамноденицата најчесто е на 22 или 23 септември, но има исклучоци. Таа била на 21 септември во 1931 година и во 1000 година, а повторно ќе биде на 21 септември во 2092 година. Есента ќе започне на 24 септември во 2303 година.

И додека на северната хемисфера настапува есента, на јужната хемисфера почнува пролетта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e