Деца натерале опасен пајак да ги касне за да добиеле сила како Спајдермен , завршиле во болница

Необичната приказна, со среќен крај, доаѓа од Боливија, каде тројца браќа завршиле во болница поради убод од опасниот пајак црна вдовица.

Момчињата на возраст од осум до 12 години го нашле смртоносниот пајак додека чувале кози недалеку од селото Чајанта лоцирано во регионот Потоси на Андите. Сепак, на овој навидум обичен иинцидент му се дава дополнителна димензија со информациите дека самите момчиња го барале опасниот по живот пајак, верувајќи дека по убодот ќе станат Спајдермен, омилениот суперхерој од популарните стрипови.

Според локалните медиуми, браќата се приближиле до пајакот, раширувајќи ги рацете кон него за да ги касне, а симптомите на отровот на црната вдовица се појавиле за само неколку минути. Дека нешто не е во ред, прво забележала нивната мајка која ги однела набрзина во локалната здравствена установа.

Бидејќи нивното здравје не се подобрило, персоналот решил да ги пренесе во болница во градот Лалагуа, а крајната дестинација на повредените момчиња била детската болница во Ла Паз, главниот град на Боливија, каде што биле примени поради силна болка во мускулите, треска и грчеви на целото тело. Нивната здравствена состојба се подобрила кога вработените во болницата почнале да ги третираат со противотров, а пред неколку дена, по цел месец , тие целосно се опоравиле и биле пуштени од болницата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e