Дали знаете што е авто-сексуалност?

Најверојатно не сте ни претпоставиле дека можете да бидете во брак, но без партнер …

„Ако не можете да се сакате себе си, не можете да ги сакате и другите“ стана лајт мотив на популарната култура од моментот кога Кери Бредшо го изрази тоа во форма на итро прашање, како оние со кои што обично се завршуваа епизодите на популарната серија „Сексот и градот“.

Концептот на грижа кон себеси (#selfcare) и љубов кон себе е се повеќе популарен, како и потребата да се поврзете сами со себе е романтизирана во филмот “Eat, Pray, Love” со Џулија Робертс.

Авто-сексуалноста е, најлесно кажано, екстремно продолжување на овој концепт, а се поголем е бројот на луѓе кои одлучуваат да стапат во брак сами со себе.

Интересно е што најчестата тема на овие венчавки, во кои луѓето се обврзуваат на живот во „сологамија“, е спомената токму во филмот на Џулија Робертс.

За тоа колку сериозно луѓето го гледаат бракот со себеси, е и фактот што таквите церемонии можат да чинат неколку илјади евра.

Сепак, можеби во целата приказна има нешто.

Всушност, некои експерти сметаат дека таков интензивен однос со себе – сексуален и романтичен – би можел да има позитивен ефект кај луѓето кои се борат со самодовербата поради дебелината.

– Кога се водите самите себеси на состаноци, се восхитувате на самите себе и се заведувате, заборавата на омразата кон себеси која сте ја научиле поради осудувањата поради дебелината – смета Гита Витале, еден од ретките автори кои се занимаваат со оваа тематика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e