Чудата на Острог не престануваат: Еве зошто ова е еден од најпосетените манастири на светот

Манастирот на Свети Василиј Острошки е место на кое што многу верници успеаа да го пронајдат и својот спас…

Манастирот Острог во текот на целата година е најпосетено светилиште во Црна Гора, а после Христовиот грoб и Светата гора, ова е третото најпосетено светилиште во христијанскиот свет.

Причината за тоа се бројните чуда кои што се случуваат во ова карпесто црквено здание. Од тие безбројни исцеленија мал број е запишан и објавен пред минатата светска војна. Манастирот Острог се смета дека претставува вистинско место за одмор на душата и пронаоѓање на Бога во себе си. Дури и самиот пат и пристапот до ова свето место претставува вистински предизвик.

Реки од верници го посетуваат манастирот во кој што доаѓаат пешки, а голем процент од посетителите се брачни парови кои што не можат да имаат деца. Но, не е мал и бројот на жените кои што после посетата на вечната куќа на прочуениот светец останале бремени, а сите до една веруваат дека токму свети Василиј ги благословил, па останале бремени.

Се верува и дека виновата лоза која што расте покрај карпите на прочуениот манастир е лековита, поточно дека нејзините плодови ја лечат неплодноста.

Во Горниот манастир се наоѓаат две мали цркви, горна црквичка посветена на Чесниот и Животворен Крст, каде што Свети Василиј ги поминал последните години од својот земјен живот, во пост и молитва. Втората, долна црква е посветена на Воведение на Пресвета Богородица, каде што и ден денес се чуваат моштите на овој Светител.

Народот започнал да доаѓа на неговиот грoб и да се моли, исто како што доаѓал и за време на неговиот земјен живот. А на грoбот започнале да се случуваат многубројни чуда, кои што ниту до ден денешен, на Острог не престануваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e