Чаша пиво на стадионот на Вест хем чини 7.60 фунти!

Навивачите на Вест хем се побунија по „одвратните“ нови цени за освежувања на „Лондон стадионот“ во новата сезона, откако чаша пиво „хајнекен“ чини 7.60 фунти (околу 550 денари), додека за „кока-кола“ ќе треба да платите 4.50 фунти (околу 330 денари).

„Ако одите да ги гледате Вест хем оваа сезона, ќе треба да земете кредит за неколку чаши“, вели еден од коментарите.

Ова не е првпат навивачи на еден клуб да се бунат од цените на стадионите откако на „Емирати“ за домашен меч на Арсенал, за хамбургер со помфрит се плаќаше 18.05 фунти (околу 1.300 денари).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e