Била прогласена за мртва од коронавирус, па се вратила дома девет дена по погребот

Рохелија Бланко (85) од Мадрид за која фамилијата мислела дека починала од коронавирус ги изненадила своите блиски кога се вратила во домот за стари лица девет дена после нејзиниот погреб.

Според „Reuters“, настанала конфузија поради која семејството на Рожелија Бланко добило повик дека таа починала од вирусот ковид-19, а поради пандемиските мерки, тие не можеле да бидат присутни на погребот.

Се започнало кога таа добила позитивен резултат на тестот за коронавирус, па со другите заразени жители на домот ја префрлиле во друг дом специјализиран за лекување.

До забуна дошло откако починала жена која била со нејзе во истата соба, а по грешка било евидентирано дека таа починала. Нејзиното „враќање од мртвите“ го шокираше и нејзиниот сопруг Рамон кој живее во истиот дом за стари лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e