Бил Гејтс предупреди: Ќе има нова пандемија!

Американскиот мултимилијардер и ко-основач на Мајкрософт Бил Гејтс смета дека има големи изгледи во следните 20 години да се појави нова пандемија, како резулат на климатските промени.

Тој изјави дека потеклото на оваа нова пандемија веројатно би можело да биде природно.

Гејтс истакнал дека човечката популација расте и дека навлегуваме во се повеќе екосистеми.

„Затоа предвидувам дека има 50 отсто шанси да имаме нова пандемија од природно потекло во следните 20 години, како резултат на климатските промени“, рече Гејтс.

Според Светската здравствена организација, во април е надмината бројката на потврдени 500 случаи на коронавирус во светот.
Американскиот филантроп Гејтс во битката против пандемиите неодамна објави книга „Како да се спречи следната пандемија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e