Австријка се породила на плажа во Италија, не ни знаела дека е бремена

Необична случка доживеала една жена која со семејството летувала во Италија. Имено, таа се породила на плажа, а не ни знаела дека е бремена.

Детето е родено на 1-ви август, но веста дури сега е објавена откако бебето и мајката во добра здравствена состојба се пуштени од болница.

Инаку, момчето е 7-мо дете на брачниот пар од Австрија.

45-годишната Австријка не знаела дека е бремена, почувствувала слабост и дури кога почнало породувањето, сфатила што се случува.

Како што пренесуваат странските медиуми, пресудна била помошта од бабата која случајно ја затекнала меѓу капачите.

Брачниот пар одлучил на детето да му го даде името Паоло, по момчето кое било дежурен спасувач на плажата, кое исто така ѝ помогнало на мајката.

Марија Белеми, која управува со таа плажа веќе 60 години, рекла дека такво нешто досега никогаш не се случило. Во чест на новороденото бебе, влезот на плажата бил накитен со балони и сина машна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e