Авион принудно слетал во Австрија, оти патник „заглавил“ в тоалет

Авион со 134 луѓе во себе, во саботата бил принуден на непланирано слетување во Австрија, откако патник „се заглавил“ во тоалет, не сакајќи или „не можејќи“ да излезе.

Имено, 51-годишниот маж целото време го минал в тоалет, па пилотот одлучил да го приземји авионот. Тој летал од Кипар за Цирих, Швајцарија, а принудното слетување се случило вчера во австрискиот град Грац. Како што соопшти полицијата, човекот соработувал со цариниците и го напуштил тоалетот по принудното слетување.

Властите сѐ уште не знаат што го натерало да остане во тоалетот толку долго. Во неговиот багаж не се пронајдени опасни предмети и нема штета во тоалетот. При сослушувањето, патникот молчел.

Наводите говорат дека тој го продолжил патувањето со воз.

Според полицијата, „Ербас А320“ сепак повторно полетал 45 минути подоцна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e