Анимирано порно видео го прекина состанокот на италијанскиот Сенат

Зум состанокот на италијанскиот Сенат беше прекинат со објавување на анимирано порно видео со ликови од видео играта „Final Fantasy“.

Виртуелниот состанок на италијанските пратеници и академици беше накратко прекинат кога интернет трол објави анимирано порно видео со ликови од видео играта.

Тифа Локхарт од видео играта Final Fantasy беше главниот протагонист на компјутеризираното порно видео кое траеше околу 30 секунди пред „шегобиецот“ да биде фатен и исфрлен од состанокот.

На состанокот, организиран од Палатата на Јустинијан на италијанскиот Сенат, присуствуваа бројни пратеници од Движењето 5 ѕвезди, како и академици, меѓу кои и физичарот Џорџо Паризи, кој минатата година ја доби Нобеловата награда.

Сенаторката Марија Лаура Мантовани рече дека за ова ќе ја извести полицијата.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e