27- годишна девојка си ја продава невиноста на аукција, почетната цена е 100.000 евра

Млада жена од Њујорк одлучила да ја продаде својата невиност на аукција.

Гиа Кортни (27) вели дека е уморна од чекање на перфектното момче и дека и се допаднала идејатата за заработка од првиот секс. Таа открила дека со години го чекала „принцот на бел коњ“, но не можела да го најде, и смета дека ова е најдобриот пристап кон нејзината моментална состојба.
ИИ

За LADbible, Гиа вели дека повеќе би сакала да има пари отколку да ја изгуби невиноста со некој што не го сака и подоцна ќе се кае што го споделила тој посебен момент со него.

„Знам дека можеби звучи сурово, но имам 27 години и во овој момент по толку долго чекање очигледно треба да бидам паметна“, рече таа. Њујоршката девојка вели дека е одгледана во религиозно семејство, но одбива да и го наметнат традиционалниот пат „училиште, колеџ, брак, а потоа семејство“.

Наместо тоа, таа го понудила своето тело на аукција на страницата „ Cinderella Escorts “. Минималната почетна понуда е 100.000 евра.

„Уморна сум од чекање на принцот на бел коњ и да ја бакнувам жабата, па го одбрав овој пат“, вели девојката. Таа откри и како, за да може ова да биде легитимно, морала да добие потврда од нејзиниот гинеколог каде што потврдува дека е сè уште девица. Таа, исто така морала да се сретне со психолог, кој проценил дека е во исправна ментална состојба за да го преземе овој чекор.

„Секако дека имам многу грижи, но пред да стапам во контакт со агенцијата, истражив сè… Јас сум возбудена што видов што ќе произлезе од оваа можност“.

Некои жени кои ја продале својата невиност преку истата страница заработиле и до 1,1 милиони евра. Една жена од Франција дури се заљубила во победникот на аукцијата.

27-годишната вели дека таа им кажала само на неколку луѓе за нејзината аукција. „Искрено, сакам луѓето да знаат дека е твое тело и тоа треба да биде ваш сопствен избор“, рече таа. „Сакам луѓето да знаат дека ова не е лесен избор, но со овој избор можам да имам слобода да патувам, што навистина сакам да го направам“.

Гиа исто така се надева дека ќе го исплати студентскиот заем од заработката, а можеби дури и ќе купи куќа за родителите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e