Во Хрватска поради поголемо присуство на пестицид, повлечени некои сладоледи и овошни јогурти од продавниците

Хрватското Министерство за земјоделство информира дека млечните производи од Дукат Загреб ги повлекува од продажба, односно два овошни јогурти, црна рибизла и портокал-цимер, поради утврден пестицид етилен оксид во адитивот кој се користи во процесот на производство.
Производите, како што се наведува, не се во догласност со уредбата за максимално ниво на остатоци на пестицид.
Освен овошните јогурти се повлекуваат и четири вида сладолед во различни пакувања, поради истиот пестицид.
Поради внимателност се повлекуваат производи од Марс Хрватска д.о.о, сладоледи Сникерс, Твикс, М&М кикирики, Баунти.
Од компанијата велат дека производите не се штетни за консумација, како и дека остануваат посветени на соработката со иституциите за да се реши овој проблем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e