(ВИДЕО) Две лица загинаа во ураганот на Флорида

Најмалку две лица загинале кога ураганот „Мајкл“ ја погодил Флорида со јачина на ураган од четврта категорија, пренесуваат американските медиуми.

Скоро половина милион жители на Флорида, Алабама и Џорџија  се без електрична енергија

Според првичната информација од официјалните лица на Флорида едно лице загинало кога на него паднало дрво, НБЦ пак пренесува дека и едно дете настрадало на езерото Семинол во Џорџија.

Засега не е позната причината но се претпоставува дека детето загинало кога на него или неговата куќа паднало дрво.

Инаку , официјалните власти на Јужна Каролина велат дека  повеќе се загрижени од торнадата отколку од поплавите кои ќе ги донесе ураганот „Мајкл“.

Националната метеоролошка служба соопшти дека торнада се можни на териториите на северозападна Флорида, југоисточна Џорџија и Јужна Каролина, кога ураганот ќе ги погоди овие области.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e