(ВИДЕО) Драма во австрискиот парламент: Пратеничка се онесвестила во текот на расправата за Курц

Опозициската пратеничка во парламентот на Австрија, Ева Марија Холцлајтнер, колабирала денеска во текот на расправата на седницата посветена на истрагата против поранешниот канцелар Себастијан Курц.

Вонредната седница на австрискиот парламент, посветена на кризата на владата настаната поради истрагата поради поранешниот канцелар Себастијан Курц, во еден момент паднала во втор план.

Имено, австриската пратеничката Ева Марија Холцлајтнер паднала во несвест додека се обраќала од собраниската говорница.

Пратеничката на опозициската Социјалдемократска партија на Австрија (SPO) колабирала без последици во текот на својот говор за Себастијан Курц, а колегите од парламентот веднаш и притрчале на помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e