Украинскиот премиер Олексеј Хончарук поднесе оставка, на негово место доаѓа Денис Шмигал

Украинскиот премиер Олексеј Хончарук вчера поднесе оставка, а ќе го замени неговиот досегашен заменик премиер Денис Шмигал.

Украинскиот парламент го примил писмото со оставката на Хончарук, потврди претседателот на Врховната рада, Дмитриј Разумков.

Министрите за финансии и за надворешни работи, како и државниот обвинител, исто така, можно е да ја напуштат владата во рамки на реконструкцијата што треба да се изведе неделава, изјавија пратеници од партијата на претседателот Володимир Зеленски, пренесоа британските медиуми. сд/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e