Уапсен осомничен за убиството на новинарката Маринова

Бугарија уапси осомничен во врска со убиството на новинарката Викторија Маринова, чие тело беше најдено во парк во нејзиниот роден град Русе, соопшти владин извор запознаен со истрагата, јавува Ројтерс.

„Можеме да кажеме дека осомничениот е уапсен“, изјави изворот за новинската агенција без да елаборира.

Портпаролката на министерството за внатрешни работи одби да коментира. Обвинителството информира дека тројца дополнителни обвинители биле испратени во Русе да ја поддржат истрагата.

Полицијата соопшти дека 30-годишната Маринова била брутално претепана и силувана и дека истрагата е фокусирана на нејзиниот приватен и професионален живот.

Претходно, бугарските обвинители соопштија дека отвориле истрага и за сомневањата за злоупотреба на фондовите на Европската унија, по убиството на новинарката Маринова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e