Ова е уапсениот за убиството на бугарската новинарка: го признал делото?

Уапсениот во Германија осомничен за убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова, признал се, објавија бугарските медиуми, повикувајќи се на неколку извори.

Сведоци од ромската маало „Селеметја“ во Русе тврдат дека уапсениот се вика Сеилјадин,  а бил познат и како Северин Красимиров.

Тој наводно избегал уште во неделата и се скрил кај мајка си, која живеела во малото гратче Штаде, недалеку од Хамбург. 

Како што информираа вчера бугарските медиуми, уште во вторникот околу пладне се појави информација за бегството преку граничниот премин “Дунав мост” прво во Романија, а потоа во внатрешноста на ЕУ на Ром кој е и главен осомничен за убиството на Викторија.

Според неофицијалните засега информации сторителот е откриен по ДНК, што е идентично 100% со најдениот генетскиот материјал на местото на злосторството.

Според првичните податоци осомничениот е роден во 1997 година и жртвата ја силувал неколку пати во текот на еден час пред да ја влече по земјата, ограби и убие.

Полицијата во Русе уапси ги  и неговата сопруга и тетка. Во неговата куќа биле пронајдени предмети поврзани со убиството.

Оваа информација сè уште е неофицијална досега. Се очекува на вонреден брифинг премиерот Борисов, главниот обвинител Цацаров и министерот за внатрешни работи Маринов да го обелоденат откриеното: Дали е грозоморното дело што ја тресе Бугарија и светот го направил токму тој човек.

Фото: БТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ