Осум лица се повредени минатата ноќ при експлозија и пожар во рафинеријата за нафта во Босански Брод, во северна Босна и Херцеговина, во близина на границата со Хрватска.

Пожарот во рафинеријата е изгаснат за неколку часа. Повредените се со лесни повреди, но ќе останат во болница за натамошно следење на состојбата.

Властите не соопштија детали за причината за експлозијата.

Рафинеријата во Босански Брод е единствена рафинерија во Босна и Херцеговина. Таа е сопственост на руската компанија „Зарубжњефт“ и вработува околу 900 лица.