Од пукотница во Нови Сад настрадал триесетгодишен маж

Триесетгодишен маж од Нови Сад е ранет денеска околу 10 часот откако во него биле искпукани неколку куршуми, по што напаѓачот веднаш бил уапсен. Според неофицијални извори, напаѓачот и ранетиот на полицијата веќе им биле познати, познавајќи ги по кривични дела извршени во минатото.

Како што пренесува 021.рс, С.Ј. (30) со тешки телесни повреди во делот на градниот кош, е примен во болницата во Нови Сад. Од болницата пренесуваат дека ранетиот е во стабилна состојба. Поптаролот на одделот за итна помош на болницата, за 021.рс изјавил дека нивната екипа интервенирала по повикот на граѓаните кои ги слушнале пукотниците, но кога стигнале на местото на случајот, не сретнале никој, бидејќи повредениот веќе бил со сопственото возило пренесен на Ургентниот центар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e