Нова трага за потеклото на короната: Во пештера пронајден сличен патоген кој може да зарази човек

Научниците открија уште еден знак за потеклото на вирусот што предизвикува ковид-19, бидејќи сличен патоген е откриен кај лилјаците кои живеат во пештерите во Лаос, за кои експертите веруваат дека би можеле директно да ги заразат луѓето.

Истражувачите од Институтот Пастер во Франција и Националниот универзитет во Лаос рекоа дека нивното истражување покажало дека вируси блиски до ковид-19 постоеле во природата кај видовите лилјаци во варовничките пештери во северниот дел на Лаос, кои граничат со Кина, пренесува Блиц.

Од вирусите идентификувани меѓу стотици лилјаци, тестирани во провинцијата Виентиан, сличности со вирусот корона се пронајдени кај три, особено во механизмот на врзување за човечките клетки.

– Идејата е да се обидеме да го идентификуваме потеклото на пандемијата – рече шефот на лабораторијата во Институтот „Пастер“, Марк Елоа и посочи дека сѐ уште постојат клучни разлики помеѓу пронајдените и вирусот САРС-КоВ-2.

Сепак, тој верува дека резултатите од истражувањето претставуваат голем чекор напред кон откривање на потеклото на пандемијата и дека тие ја потврдуваат теоријата дека вирусот корона, кој се шири низ целиот свет, можеби потекнува од лилјаци. Авторите на истражувањето, исто така, предупредија дека нивните резултати сугерираат дека сѐ укажува на тоа дека новите вируси имаат потенцијал да се шират кај луѓето, како и првичните соеви на корона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e