Индија тестираше балистичка ракета која може да ја погоди целата територија на Кина

Индија соопшти дека тестирала интерконтинентална балистичка ракета со нуклеарен капацитет од 5.000 километри.

Во соопштението на индиската влада се наведува дека ракетата „Агни-5“, која беше лансирана од остров на истокот на земјата, била успешно тестирана.

Се додава дека ракетното тестирање било спроведено во согласност со минималната политика на одвраќање.

Се проценува дека балистичката ракета „Агни-5“ може да ја погоди целата територија на Кина.

Интерконтиненталната балистичка ракета (ИЦБМ) е балистичка ракета со дострел од над 5.000 километри. Таквите проектили главно се дизајнирани да носат нуклеарно оружје, или една или повеќе нуклеарни бомби.

Неодредената гранична линија меѓу Кина и Индија, опкружена со хималајските планини, предизвикува спорови околу прашањето за суверенитетот меѓу двете земји. Границата долга 3.500 километри, која вклучува потоци, езера, глечери и снежни врвови, често доведува до тензии меѓу двете страни.

И покрај долгогодишните преговори, страните допрва треба да ги решат споровите за суверенитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e