Грција не размислува да воведе строги мерки и покрај зголемениот број на заразени од коронавирусот

Грчката Влада не планира да воведе строги ограничувачки мерки и покрај зголемениот број новозаболени од Ковид-19. Вчера имаше нови 3.600 лица заразени со коронавирусот за еден ден.

Властите соопштија дека се интензивираат полициските контроли во туристичките места. Тие веќе затвораат објекти кои имаат повеќе гости од дозволениот број и не се во согласност со мерките.

Според локалните медиуми, ограничувачките мерки на островот Миконос не дадода резултати.

Локалните власти на островите сакаат поголема контрола, но не и строг карантин. Според лекарите, изминатите денови делта сојот брзо се шири на островите и детските кампови.

Островот Кастелоризо, каде сите жители се вакцинирани и нема заразени стана светски хит за туристите. Сите хотели таму се целосно резервирани и за септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e