ЕМА ќе одлучува за трета доза на „Фајзер“ во октомври

Европската агенција за лекови (ЕМА) може уште на почетокот на октомври да донесе одлука за можна употреба на засилувачка трета доза на „Фајзер/Бионтек“, изјави извор.

Ова ќе биде прва одлука на регулаторот на ЕУ за дополнителни дози, наведува изворот, откако американската администрација за храна и лекови во средата ја одобри третата доза на „Фајзер“ за лица над 65 години, лица изложени на ризик од сериозни болести и оние кои се редовно изложени на вирусот.

„Модерна“, исто така, треба да достави податоци за засилувачката доза до ЕМА наскоро, се наведува во документот на ЕУ .

“Ослободете се од простатитисот и срамот во кревет, ЗА 7 ДЕНА ЖИВОТОТ ЌЕ ВИ СЕ ПРОМЕНИ!”
Според мислењето, објавено на почетокот на септември и реиздадено од ЕМА, Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) наведува дека нема итна потреба од трета доза за целосно вакцинирани лица во општата популација. Но, тие забележуваат дека треба да се земат предвид дополнителни дози на вакцина за луѓе со ослабен имунолошки систем.

Многу членки на ЕУ веќе одлучија да користат засилувачки дози и покрај правните ризици, бидејќи ЕМА се уште нема донесено официјална одлука.

ЕУ потпиша три договори со „Фајзер/Бионтек“ за вкупно 2,4 милијарди дози.

Најновиот договор опфаќа испорака на најмалку 900 милиони дози вакцина, од кои голем дел ќе бидат потребни само ако засилувачките дози се смета дека се неопходни или ако се појават нови соеви на коронавирусот против кои постојната вакцинација нема да биде ефикасна.

Повеќе од 70 проценти од возрасната популација на ЕУ е целосно вакцинирана, а блокот обезбеди доволно резерви со вакцини од неколку производители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e