Бугарија: Осомничениот за убиството на новинарката ќе биде ослободен

Романскиот државјанин, кој беше задржан во притвор во рамки на истрагата за убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова, ќе биде ослободен и против него нема да биде поднесено обвинение, изјави шефот на регионалната полиција во градот Русе, Теодор Атанасов.

– Нашата работа продолжува. Засега нема факти и околности што можеме да ги објавиме. Романскиот државјанин ќе биде ослободен, рече Атанасов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ