Аеродромот во Виена станува првиот зелен аеродром во Европа

Аеродромот во Виена e на пат да стане првиот зелен аеродром во Европа, бидејќи во моментот во него се создава најголемата фотоволтаична централа во Австрија.

На површина од 24 хектари ќе бидат поставени 55.000 фотоволтаични панели.

Со инвестиција од 20 милиони евра, аеродромот планира годишно да произведува околу 30 милиони киловат часови електрична енергија, што е една третина од сегашната потрошувачка.

Постројката треба да биде завршена и ставена во функција напролет.

Директорот на аеродромот Гинтер Офнер рече дека со овој проект, аеродромот во Виена се движи кон тоа да сетане првиот зелен аеродром во Европа, неутрален на јаглерод диоксид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e