Зошто Груевски треба да го напушти кормилото на партијата

Пишува Ѓорѓи Спасов за республика

Менувањето на сликата за партијата не се постигнува со шминкање или со „гола пропаганда“, туку со промена на нејзиното дејствување, нејзините клучни политики и на носителите на тие политики.

Враќајќи го СДСМ на неговиот граѓански концепт и отфрлајќи го кокетирањето со финансиската олигархија, Заев и новото политичко раководство ја ребрендираа партијата. И иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ се на добар пат со барањата за внатрешно демократизирање на партијата.

Во Македонија, за секоја од големите политички партии, клучни јавности за нејзиниот успех се: прво, избирачите на кои таа им се обраќа како свое гласачко тело, второ, лидерите на партиите и припадниците на другите етнички заедници од чија волја зависи дали партијата ќе биде способна да состави влада и трето, претставниците на меѓународната заедница, од чија поддршка, исто така зависи успехот на партијата во остварувањето на клучните стратешки определби на Македонија.

Менувањето на сликата за партијата кај овие три клучни јавности,  (кога сте „оцрнети“ кај нив) не се постигнува со шминкање или со „гола пропаганда“, туку, пред се`, со промената на дејствувањето на партијата, со менување на нејзините клучни политики, на носителите на тие политики и активности во согласност со очекувањата и потребите на клучните јавности.

Како ВМРО-ДПМНЕ излезе од кризата во 2002 година?

По етничкиот конфликт во 2001 година, партијата на Љубчо Георгиевски влезе во политичка криза. Ја изгуби поддршката кај избирачите со идеите за поделба на Македонија по етничките линии преку размена на територии, Албанците ги квалификуваше само како терористи чија цел е создавање на Голема Албанија, а НАТО и ЕУ за таа партија беа  само „надворешен непријател на Македонија“ кој им овозможил на Албанците да го започнат воениот судир во 2001 со цел да дојде до промена на власта и да биде поделена и уништена Македонија.

За среќа, лидерот на партијата Георгиевски, по поразот на изборите во 2002 година, сфати дека не е можен излезот од кризата без негова оставка на лидерската функција и му го отстапи местото на младиот Груевски кој важеше за способен министер за финанси и, пред се`, за технократ.

Првото што го направи Груевски по доаѓањето на чело на партијата беше да формира свој тим од млади соработници, претежно од неговото министерство за финансии, но и со носење млади експерти од македонската дијаспора. Потоа објави програма од три точки. Прво, најави дека ако победи на следните избори, ќе го почитува и имплементира потпишаниот Охридски рамковен договор за поголеми права на Албанците. Второ, дека ќе има решенија за економските проблеми на земјата, за смалување на невработеноста и за подигање на животниот стандард. И трето, дека ќе се справи со криминалот во земјата и ќе ја внесе Македонија во НАТО и во ЕУ.

Сето тоа му овозможи на предвремените парламентарни избори во 2006 година, и покраj тоа што неговата партија освои само 300 илјади гласови и 45 пратенички места, да го добие мандатот од Црвенковски за состав на нова влада и можност, преку коалицирање со партијата на Тито Петковски, на Стојан Андов и на Мендух Тачи, да стане премиер прифатлив за меѓународните партнери на Македонија.

Враќање на почетокот

Но, по цели 11 години на власт, денес партијата на Груевски се најде на истото место како во 2002 година и се соочува со слична, па и подлабока криза во партијата. Последните избори покажаа дека партијата израснала во една коруптивна политичка структура со клиентелистичко членство за поддршка, кое на долг рок е тешко одржливо. Партијата се претворила во субјект кој не е прифатлив партнер за коалицирање во влада за ниту една од етничките партии на Албанците. И конечно, Груевски ја претворил партијата во субјект со чија политика кон соседите, но и со реториката кон Северноатлантската алијанса и Европската Унија реално ја оддалечи Македонија од можноста за нејзино членство во НАТО и во ЕУ. И она што е најважно, тој не само што не ја демократизираше партијата, туку ја претвори  во „авторитарен монструм“ кој почна авторитарно и султанистички да владее со државата, претварајќи ја државата во мајка за приврзаниците на сопствената партија, а во маќеа за сите останати граѓани.

Но, низ таков процес на инаетење и отпори кон ребрендирањето всушност помина и СДСМ во изминатите 11 години.

Отпорите за ребрендирање на СДСМ

По поразот на СДСМ во 2006 година, во партијата опстојуваше илузијата дека нејзиниот спас ќе дојде само по враќањето на Бранко Црвенковски на чело на партијата, кој во тоа време веќе беше претседател на државата. По поразот на партијата во 2008 година, тој не дозволи ниту да се избира нов претседател на партијата, туку беше назначен само вршител на должноста до завршувањето на неговиот државнички мандат. Неговото триумфално враќање на лидерската позиција во 2009 година, на чие чело беше од 1991, не ветуваше можност за ребрендирање на СДСМ, туку пред се „враќање на старата слава“ со  формирање ново верно раководство и верувањето дека е можно да се направи „нов лик на партијата со стар лидер“ преку менување на „вториот и третиот ешалон“, како што сега сака Груевски.

За среќа, дури по поразот на СДСМ на локалните избори во 2013 година, Црвенковски  реши да се повлече од лидерската функција и со тоа беше отворен патот за ребрендирање на СДСМ.

Целиот текс прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e