КАТАСТРОФАЛНО НАМАЛЕНА ИСПЛАТАТА НА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ЗА 2025 Нема враќање на млади брачни парови на село

Во текот на минатата година биле исплатени 103.685.000 евра за директно субвенционирање на производството на земјоделците, објавено е во годишниот извештај на Агенцијата за финансиска поддршка. Платежната агенција, доколку се споредат извештаите за потрошени средства, една година претходно исплатила 142.771.000 милиони евра директни субвенции, односно околу 39 милиони евра повеќе, анализира Фактор.мк.

Кај останатите мерки, не само што стимулациите од државата се помали на годишно ниво, туку и останале високи суми како планирани а неисплатени во 2025. Така, кај потпрограмата за грантови за млади земјоделци до 10.000 евра, набавка на трактори, набавка на приклучна механизација и останато, што влегува во секторот за поддршка на руралниот развој, во 2025 биле планирани 6,05 милиони евра, но потрошени само околу 3,20 милиони евра. За споредба, во 2024 биле исплатени околу 7,18 милиони евра за овие стимулации.

Катастрофално поминал и „Интервентниот фонд“ со кој најчесто со дополнителни средства по килограм се стимулира производството на култури каде што има пазарни нарушувања. Од околу планирани 3,9 милиони евра, префрлени на сметките биле само околу 1,46 милиони евра. За споредба, во 2024 биле исплатени 6,12 милиони евра од „Интервентниот фонд“.

Целиот текст тука

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e