Кога пред повеќе години во Јоханесбург и Кеjптаун на група македонски новинари и уредници ни раскажуваа како дошло до помирување во Јужна Африка по апартхејдот и ѕверските убиства и измачувања, нашите домаќини и колеги ги гледавме и ги слушавме вџашени со неверица, исчудувајќи се дали е тоа можно. Долги години вестите што ги читавме за настаните во Јужна Африка станаа толку вообичаени што ги примавме како прогнози за временската ситуација од Зајчев Рид, како рутински извештаи какво ќе биде времето, без ништо особено да смени во нашите размисли. Скромните познавања за Нелсон Мандела и неговата борба и страдањата на илјадници луѓе во затворските ќелии кои ги посетивме беа шокантни не помалку од фашистичките концентрациони логори. Но, сепак, најголемото изненадување беше моделот за помирување и простување кои го беа примениле страдалниците и џелатите.
лосторниците требало само да посведочат кога, каде и кого убивале, да се покаат во директен радиопренос и готово. Простено е. Се прави записник од комисијата и случајот оди во архивата. Тираните се слободни.
Колумната на Ерол Ризаов во целост прочитајте ја ТУКА.