Талкање низ историските и политичките лавиринти

Ако нема институционален одговор на радикалниот национализам и повредата на човековите права и слободи, особено на правото на глас, не е голем проблем, тоа просечниот македонски граѓанин или граѓанка ќе го поднесат. И нема одговорност, туку само втерување во трлото… Замачкување, па заборавање на проблемите… А потоа настапува пазарењето во парламентот, клубот на пратениците или по кој знае какви кулоари, ќе се „подмачкаат“ тркалата привремено и ќе се продолжи со талкањето низ историските и политичките лавиринти…

Сѐ уште ми пристигнуваат десетици пораки дневно од револтирани граѓанки и граѓани, вклучувајќи и наши сограѓан(к)и во дијаспората. Лути им се на институциите, особено на ДИК, поради сета референдумска збрка и притисоците низ кои мораа да минат минатиот месец.

Максимална политизација (партизација)

Процесот беше политизиран (партизиран) до максимум, нешто што не требаше да си го дозволи ниедна од засегнатите страни (мали и големи партии, владејачко мнозинство, ЕУ, медиуми, невладини, опозиција, бојкотирачи, радикали, фашисти и руски ш/пиони…). Не е чудо што повеќето граѓанки и граѓани имаа чувство дека се фатени во вителот на уште една предизборна кампања, а не дека се повикани да гласаат за референдум.

Поуки, по сѐ изгледа, никој нема намера да извлече. Радикалите во земјава тријат раце, затоа што институциите, уште еднаш, не покажаа дека знаат да се носат со одговорностите што ги следат вакви процеси.

Никој не очекуваше дека европеизирањето на Македонија ќе биде лесно, особено по децениското разградување на демократското ткиво и жестоката поделеност во општеството по етничка, верска, политичка и социјална линија. И по мафијашка линија, се разбира… Но, институциите, иако имаат (релативно) добри и искусни кадри, а не им недостасуваат ни пари и други ресурси, потфрлуваат во стратешки важни моменти на теми што се посебно важни за сите нас, обичните смртници, а не за елитите.

И тоа, најчесто, паѓа врз грбот на луѓето, ги крши нивните основни човекови права и слободи.

Сосема непотребна политичка криза

Политичката криза што ја наметнаа антизападните структури, помогнати со пари од крајно сомнителни извори (од внатре и од надвор), можеше да се избегне многу комотно, да беа завршени домашните задачи во клучните сектори на системот. Значи, сосема непотребно. Апсурдно! Сега, наместо пазарење, па натегање и извонредно високи можности за избивање на етнички тензии, можевме да се занимаваме со политички, правни и развојни аспекти на процесите во нашата земја.

Но, тоа не им одговара на апашите, не им одговара на ловците во матно, на трагачите по профити (финансиски и политички), не им одговара на оние што на Фејсбук се „збогуваат“, а по телефон издаваат наредби за нови потези за да се спасат од затвор… Не им одговара ни на билмезите, бидејќи така ќе треба да работат и да бидат одговорни.

Кога ќе се размисли и преброи малку подобро, па и не остануваат многу луѓе на кои може да се потпрат одговорните луѓе во политиката и системот. А и тие се опкружени, ако не и вплеткани, во густа мрежа од интереси и сплеткарења…

И повторно, правото на глас…

По не знам кој пат, учествував во уште едно обраќање до јавноста и институциите, во кое јас и моите другарки и другари баравме одбрана на правото на гласачите. Сакам овде, уште еднаш да повторам дел од тие согледувања.

Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил Медиа на следниот линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e