Референдум, па потоп

Ви пренесуваме дел од колумната на Џабир Дерала за Цивил Медиа:

-Зошто мора сѐ да запре? И работата и критиката, сѐ запира. А ако случајно нешто се направи, тука се прес центрите (читај: фабриките за лажни вести и пропаганда) тоа да го стават во функција на минирање на референдумот.

Референдумот затропа на секоја врата. Да, навистина, премногу е важно прашањето, за да ги остави луѓето рамнодушни. Дури и оние што се обидуваат да останат што е можно подалеку од политиката, ќе разберат дека се повикани да учествуваат во големата одлука. Но, како изгледа сето тоа?

Ботовите и црната пропаганда што работат со полна пареа веќе со години, а особено интензивно од пукањето на првата „бомба“ за криминалите на власта на Груевски, ќе ја одиграат последната епизода од својата неславна и валкана улога. Падот на Груевски веќе првиот ден покажа дека Македонија го свртува своето лице кон Европа, но покажа и колку оваа земја е важна за оние што ѝ се непријатели на Европа, а за Балканот се грижат колку за црното под ноктите.

Сега, кога луѓето што живеат во оваа земја или потекнуваат од неа (дијаспора) се исправени пред големото прашање, изгледа како животот да запрел. Како да е прашање на живот и смрт, по можност – смрт.

Не можете ништо да кажете, а да не биде доведено во врска со референдумот. Не можете ништо добро да направите, ништо лошо, а тоа да не биде ставено во функција на противењето или изјаснувањето за ЕУ и НАТО. За секоја вест има најмалку една лажна вест и една планина од говор на омраза. Сите прашања и теми, меѓуетнички односи, економски политики, образование, владини тендери, невладини фолиранти, депонии и канализација, здравство, туризам, корупција, јазици и знамиња, сообраќај…

Сѐ што можете да замислите е ставено во истиот референдумски кош. Едно со друго нема никаква врска, сеедно, мора да се гледа низ референдумската леќа. А таа, пак, замастена и размачкана, ништо не се гледа низ неа од врескањето на ботовите, од незнаењето и неприфаќањето на фактите. Се прашувам, дали можеби руско-вмровската пропаганда воопшто и мораат да го прават тоа што го прават. Типично балканскиот инает, себичноста, кусогледоста, неинформираноста, тврдоглавоста и мрзеливоста се доволно големи непријатели на прогресот. И ги има повеќе од доволно.

Зачудува, да не кажам разочарува оваа плиткост и неспособност да се одвои важно од неважно, поврзано од неповрзано, баба од жаба. Очигледно, оваа мала јавност на оваа мала земја, на ова истормозено и фрустрирано општество, не умее да се соочи со комплексноста на животот, да ги постави прашањата едно по едно, да ги реши проблемите еден по еден.

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e