Преспа, една година подоцна

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Кристијан Фидановски за Призма:

-Старата флоскула вели дека времето е најдобриот суд. За жал, изминатава година беше исклучително неправеден суд за Преспанскиот договор. Како и секој друг историски настан, природно е Преспа да има свои поборници и свои подеднакво гласни противници. Она што не е природно е што дозволивме еден документ кој беше сонуван три децении наназад – а потполно незамислив само една година пред неговото потпишување – да се вреднува спрема настани што се случиле отпосле, наместо спрема неговите сопствени доблести (и слабости).

Една година подоцна, од договорот се нема променето ни буква, а еуфоријата кај неговите поборници како одамна да спласна. На некои од нив им запречи уште текстот на референдумското прашање – небаре името го менува(в)ме од некаков мерак, наместо токму за истите тие ЕУ и НАТО од прашањето.

На некои, пак, им загорчи амнестијата, па одлучија да „удрат“ по Преспа, наместо по илјадниците свои сограѓани кои решија луѓе осомничени за криминал да изгласаат за пратеници. Секако, тука се и „моралистите“, кои уште при првиот владин скандал се свртеа против Преспа демек за да ја казнат владата, а всушност за малку ќе нѐ казнеа сите нас (сосе самите себеси).

Една година по Преспа, време е конечно да заборавиме на сѐ што се има случено отпосле и да го оцениме Преспанскиот договор врз основа на – Преспанскиот договор. За него и онака има доволно да се зборува. Бидејќи од дистанца сѐ изгледа полесно, често забораваме дека самиот Преспански процес траеше, исто така, околу една година: од промената на власта во јули 2017 до потпишувањето на договорот во јуни 2018 (и референдумот во септември 2018).

Таа година е многу повредна за анализа од оваа изминатава. Чисто за во случај да ни притреба во иднина, но и за да му се најде на остатокот од светот – можеби најмногу на соседите – веќе во сегашноста. Таквата анализа идентификува неколку правилни потези, кои ја овозможија Северна, како и еден погрешен чекор, кој, за среќа, не беше доволно страшен за да ја оневозможи.

Целата колумна на Призма на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e