Падна првото признание

Ви пренесуваме дел од колумната на Катерина Блажевска за Призма:

-Отсуството на храброст да се формулира барем една сопствена идеја, а која не е поврзана со стравот од евентуално губење на личната слобода на некои партиски ментори и функционери (по сила на судски пресуди), не е добра основа врз која се прават обиди за придобивање мнозинство против интеграцискиот напредок на Македонија.

Истите тие борци за правна неказнивост, тешко ќе им објаснат и на сопствените деца зошто се обиделе да ги блокираат стратегиските интереси на Македонија. Велам „се обиделе“, бидејќи повеќе од сигурно е дека нема да успеат. Ако иднината на Македонија треба да биде и остане заложник на лица засегнати од судски процеси, тогаш таа земја, не само што никако не заслужува да влезе во НАТО и во ЕУ, туку нема потенцијал да опстои ни како изолирана држава.

А каква иднина би имала една таква држава? Токму бранителите на неказнивоста или амнестијата, ќе станат најтешкиот камен околу нејзиниот врат, и синоним за потребата на демократскиот свет да исцрта санитарен коридор околу неа, за да ја одбележи како зона на криминал и корупција, пред моментот кога самата ќе си пресуди со тешка имплозија.

Нема разумен човек кој би сакал вака да изгледа негова „иднина“ во оваа земја. Има разумни луѓе и во опозицијата, кои не се согласуваат со политиката за одбрана на криминалот, втемелена исклучиво на сет од приватни, а не државни интереси. Нивниот глас на разум сега е исклучително важен.

Битно е тој да не се изгуби во шумот од лажни вести, со кои сега се предупредува на државна „капитулација“, само со цел да се скрие нечиј страв од капитулацијата пред доказите и законите. Тој глас треба да се артикулира и презентира без страв и огради, соодветно на високата политичка одговорност, наспроти ниската манипулација.

Целата колумна на Призма на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e