Немаме План број 1

ВМРО-ДПМНЕ си формираше десет пратенички групи. Бидејќи Груевски јавно најави „завршување со конструктивноста“, овој чин никого не изненади. Иронијата е во тоа што работите не изгледаа подобро и кога ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште ѝ немаше речено збогум на „конструктивноста“: немаше пратеничка група, со денови ја влечкаше конститутивната седница на парламентот, ги измори граѓаните со реплики и контрареплики, за на 27-ми април да финишира со сценарио за најавената „ноќ на долгите ножеви“.

Накусо кажано, и кога е конструктивна, и кога е неконструктивна, активноста на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека партијата се фокусира на едно те исто: стратегија на опструкции и блокади и постојано фрагментирање. Тоа што Деловникот ѝ овозможува да формира повеќе пратенички групи, не е олеснителна околност за јасната умисла со која оваа опозициска партија сака да ги делегитимира напорите на владата за почеток на реформи.

Не е проблем што во расправата за Зврлевски ќе потрошат најмалку десетина дена, а потоа и за сите други точки за кои ќе расправа парламентот. Проблем е што врвот на партијата и нејзиниот пратенички состав не рефлектира свест дека Македонија веќе изгуби премногу време и дека секој следен изгубен ден е како изгубена година.

Тоа покажува отсуство на свест и за геополитичките процеси, кои Македонија ги дочекува на „линијата на огнот“ разгорен во разни јавни и тајни стратегии, а прашање на ден е кога тој од хартија може да заискри на терен. Да се прави таков инфантилен перформанс во парламентот, во волнени времиња од секаков аспект, не е неконструктивност туку погубна политика која најпрво ќе се прекрши врз партијата, што е помалку важно, од аспект на последиците што ќе ги предизвика за државата, ако се блокира темпото на очекуваните процеси.

Целата колумна на Катерина Блажевска за Призма на следниот линк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e