Мицкоски има став дека нема став

Мицкоски згрме – став има. Настап – јак. Ладен – шприцер. Нацијата може да здивне. После опсежни анализи, алгоритамски математички прецизни пресметки, длабински согледувања и не знам колку одложувања на одлуката, од белата палата конечно го соопштија кристално јасниот став за референдумот. Тој отприлика звучи вака: „ние не знаеме што ќе правиме, па секој од вас нека прави како што сака”. Логично. Јасно. Прецизно. Среќа што сега барем на народот му се разјасни дилемата, сега барем знаат кој пат да го фатат. Маниту кажа – нацијата следи. Е сега, кој каде ќе следи, тоа допрва ќе видиме.

Одамна тврдам дека никогаш не ни постоеше никаква друга опција за Мицкоски, освен баш оваа која се случи вчера. За разлика од некои колеги, јас дури не мислам дека амбивалентниот став на ВМРО ДПМНЕ премногу се должи на притисокот од меѓународната заедница. Се разбира дека бесконечниот ред посети со по 10 минути насамо со лидерот, значајните јавни пораки и заканите во четири очи имале влијание, но не мислам дека тоа било клучно во формирањето на конечниот став на лидерот и на партијата. Мислам дека сепак, Мицкоски нема избор освен да биде неодреден, од неколку причини. Првата вистинска причина е што после толку дриблање, тој веќе нема можност, во сопствената партија, да оформи било каков став. Внатрешните поделби, недостатокот на активно лидерство, направија Мицкоски да не може да направи никаков повик, т.е. било каков повик да биде сигурно успешен. Ако повика за бојкот, ќе биде неуспешен, зашто некој секако ќе излезе да гласа, зашто партијата му е поделена. Ако повика на гласање, ќе биде неуспешен, зашто некој секако ќе бојкотира, зашто партијата му е поделена. Ако повика на поддршка, партијата ќе му се подели уште повеќе. Значи, тој нема друг избор освен да не каже ништо, зашто што и да каже, би згрешил.

Алтернативна тактика

Дополнителна причина за недостатокот на став е што Мицкоски не смее да си дозволи фер пребројување на овој референдум. Пребројувањето ќе ја открие слабоста на позицијата на ВМРО ДПМНЕ во целиот сјај. Затоа, тој мора да направи тактика во која, каков и да биде резултатот, да може да го спори, тврдејќи дека народот е со него, ама ете некако тие неговите, најуспешно се кријат. На крајот, Мицкоски е свесен дека проектот за Македонија во ЕУ и НАТО мора да успее, со или без него. Прво, референдумот ќе успее. Без оглед на неговиот технички исход (дали ќе се надмине лажниот и целосно небитен цензус), референдумот ќе покаже дека огромното мнозинство од гласачите се за евроатлантски интеграции со прифаќање на договорот од Преспа. Дури најверојатно разликата ќе биде толку голема, што и теоретски ќе биде невозможен друг исход, во било која пермутација на гласови. Оттаму, Мицкоски веднаш ќе се соочи со огромен политички притисок, сега не само од меѓународната заедница, туку и од стотиците илјади гласови на референдумот, да се изјасни во Собранието за или против ратификацијата на договорот и соодветните уставни измени. Тој мора, уште сега, да отвори пат за било кое сценарио – па оттаму сегашната негова амбивалентност.

Некој ќе прави ајвар…

Напротив, во најдобриот манир на Груевски (баш во клучните моменти да биде отсутен), Мицкоски ќе се обиде да го третира референдумот како да не постои. Баш тогаш Иванов нема да биде тука, некој ќе прави ајвар, некој ќе биде зафатен. Недостатокот на став по референдумот Мицкоски ќе се обиде да го премости со напади врз останатиот дел од мандатот на СДСМ, обидувајќи се да се извлече од било каков допир со овој проект. На пример, сѐ уште нема од него одговор, дали кога ВМРО ДПМНЕ ќе дојде на власт, ќе го поништи договорот?

На крајот, се поставува прашањето дали Мицкоски знае што прави со ВМРО ДПМНЕ кога вака ја поставува, контра сите нормални светски текови? Дали е свесен за опасноста дека ќе ја направи својата партија целосно политички лепрозна во времето кое доаѓа? Па, и да и не. Мицкоски смета – и не греши – на кусата меморија на електоратот. Доколку после референдумот, евроатлантските интеграции паднат под напливот на незадоволство од владеењето на СДСМ, кој после прашува дали власта изгубила од правилен или погрешен наратив, и дали новата влада (ако таа биде од ВМРО ДПМНЕ) била на вистинската или погрешната страна во клучните моменти. Ни гласачите, ниту албанските партии, ниту меѓународната заедница, нема многу околу тоа да се потресуваат, туку ќе работат со оној кој им е доделен – кој добил на избори. Оттаму, Мицкоски, засега, „има фора” да нема став.

Внатрешните поделби, недостатокот на активно лидерство, направија Мицкоски да не може да направи никаков повик, т.е. било каков повик да биде сигурно успешен. Пишува Петар Арсовски

Петар Арсовски
Извор: ДВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ