Македонско враќање во иднината

Текстот е превземен од ЦивилМедиа.

Бдејќи полека се приближуваме до ѕидот што Грција, повторно, го поставува пред нашите евро-атлантски перспективи – и овде не е намерата уште еднаш да се навлезе во три-децениските расправи за аргументите и квази-аргументите во спорот за името на оваа или на онаа страна – доаѓаме и до точката во која притисокот врз новата власт влегува во „слепа улица“: или имаме или немаме договор што ќе ги задоволи двете страни, за да се дојде до компромис?

Роковите притискаат, на тоа прашање наскоро ќе мора да се одговори, со „отворање на картите“ пред целата нација. Како што може да се насети од тонот и содржината на последните изјави на „надлежните“, до договор, најверојатно, нема да се дојде.

Таквиот исход би бил, објективно, големо разочарување по вложената значителна енергија и политички кредибилитет и на македонската и на грчката страна. Но, што да се прави, ризикот дека решение со Грците и овој пат нема да се најде е најстабилната варијабила во целиот долгогодишен спор.

Одговорот на премиерот Заев, на вчерашната прес-конференција, за можниот ваков исход на преговорите, мора да се признае, звучи многу рационално и успокојувачки: „Секако дека имаме план Б. Работиме на реформите, иако знаеме дека и политичкото, отворено прашање треба да го решиме. Гледате дека сме посветени на економијата, затоа што бруто домашниот производ, капиталните инвестиции, привлекувањето домашни и странски инвестиции се нешто што живот значи. Ако, некако, и понатаму бидеме блокирани, пред НАТО и пред ЕУ, јас се надевам дека тоа никогаш повеќе нема да се случи, но, еве, ако се случи, ние ќе мора Европа да ја донесеме овде. Доколку не постоеја Европската Унија и НАТО, што ќе правевме денеска? Реформи. Ќе го унапредувавме системот, заради тоа што мораме да обезбедиме квалитет на животот на граѓаните.“

Целата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа протичајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e